mksqen

Неисправна водата во неколку кочански села

Неисправна водата во неколку кочански села

Типографија

Водата од локалните водоводи во кочанските планински села Лешки, Нивичани и Пантелеј не ги задоволува прописите за микробиолошка исправност, соопшти Заводот за јавно здравје во Кочани.

Поради тоа, издадена е препорака водата да не се користи за пиење, миење и за приготвување храна.

Оттаму информираат дека сите земени примероци вода во мај, јуни и јули од водоводна мрежа од Регионалниот водовод Кочани се физичко-хемиски и микробиолошки исправни.

Земените примероци вода од алтернативните изворишта во Кочани, односно од Белска чешма и Минова чешма се микробиолошки и физичко хемиски неисправни. Исклучок е пумпата кај месноста Бавчалак.

Што се однесува до исправноста на водата за пиење од изворите лоцирани во туристичкиот центар Пониква на Осоговските Планини, сите земени и анализирани примероци на вода од одморалиштето на МВР и од изворите кај локалитетите Арамиска чешма и Војничко кладенче одговараат на законските и стручни прописи.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Македонија