mksqen
23
Пон, Дек
0 Нови / 7 дена

Тетово добива нов систем за водоснабдување

Тетово добива нов систем за водоснабдување

Типографија

Општина Тетово ќе стопанисува со новоизградениот цевковод од системот за водоснабдување на градот.

На градоначалничката Теута Арифи стопанисувањето и го предаде министерот за животна средина и просторно планирање Башким Амети.

  • По две и пол годишна активност на Министерството цевководот во должина од девет километри и двесте метри е изграден по многу тежок планински терен со што е направен крупен чекор за завршување на проектот за новиот водоснабдителен систем за Тетово - изјави министерот Амети.

Според градоначалничката Арифи завршувањето на цевководот заедно со финализирањето на работите на филтер станицата што се во завршна фаза со што Тетово долгорочно го решава проблемот со вода за пиење. Новиот водоснабдителен систем треба да обезбеди дополнителни двесет литри вода за пиење.

  • Изградбата на цевководот чинеше околу два милиони евра од буџетот на државата што беа реализирани преку Министерството за животна средина. За филтер станицата беа обезбедени еден милион и двесте илјади евра кредит од Европската банка за инвестиции и дополнителни осумстотини илјади евра од буџетот на општина Тетово.

Објектот на филтер станицата е завршен, а се монтираат филтрите за вода и ситемот за снабдување со електричната енергија. Овој зафат треба да биде готов оваа пролет.

Досега таму се направени и две проби за одвод и довод на водата до филтер станицата што биле успешни - вели градоначалничката Арифи.

Во однос на состојбите околу депонија што се создаде кај влезот во Тетово од правец на Скопје поради активностите за изградба на нова претоварна станица, но и околу работите за регионалната депонија кај гостиварско Русино, градоначалничката Арифи посочи дека завршено е со проектирањето и многу скоро ќе се почне со изградба на нова претоварана станица за отпад со запазување на стандардите, а оти отпадот што е на влезот во Тетово се расчистува.

  • За регионалната депонија кај Русино во осработка со УНДП и швајцарската агенција за реазвој почнат е проект за стандардизирање на депонијата, а во мај на заедничка средба на комуналните претпријатија во полошко треба да се состави заедничка комисија што ќе раководи со работењето на регионалната депонија - рече Арифи.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS