mksqen
23
Пон, Дек
0 Нови / 7 дена

Во Могила производство на пелети од земјоделски отпад

Во Могила производство на пелети од земјоделски отпад

Типографија

Користење неупотреблива слама од житни култури за производство на пелети, предвидува проектот што го реализира  Општина Могила во соработка со Македонското научно друштво (МНД) од Битола.

Проектот е вреден околу 150 илјади евра и е поддржан од ЕУ. Се очекува да овозможи комплетно греење на општинската зграда со специјална пелетерка, а котли се поставени и во подрачното училиште во селото Беранци.

  • Со употреба на пелетите од слама ќе заштедиме или ќе намалиме над 60 отсто од досегашните трошоци за електрична енергија. Со проектот се овозможи да се користи неупотребливата слама од житните култури, нивна преработка во пелети, а потоа енергетско искористување за потребите на општинската зграда, но и некои објекти од образованието - истакна градоначалникот на Могила Стево Пивковски.

Искуствата од проектот ќе бидат пренесени на фармерите кои ќе имаат можност да научат, рече Пивковски, како неупотребливите суровини да ги направат употребливи.

  • Ефикасно реализираниот проект ќе промовира нов пазар за отпадна биомаса од земјоделството, користење отпадна слама и склучување договори за нејзина набавка - нагласи проектниот менаџер од МНД-Битола Марија Димова.

Претставникот на Делегацијата на ЕУ Димитар Малиновски, пак, посочи дека проектот се совпаѓа со европските трендови.

  • Ја поддржуваме локалната економија со оваа успешна приказна и воедно укажуваме на добар пример за одржлива економска политика. Подобрени се условите за работа и позитивно се влијае за заштита на животната средина - рече Малиновски, одговорен менаџер за секторот енергетика во канцеларијата на Делегација на ЕУ во Скопје.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS