mksqen
23
Пон, Дек
0 Нови / 7 дена

Поддршка за забрана на лов на охридска пастрмка

Поддршка за забрана на лов на охридска пастрмка

Типографија

Граѓанското движење Охрид SOS ја поддржува иницијативата на концесионерот на рибниот фонд на Охридското Езеро „Пастрмка 2012“ во наредните десет години државата да воведе целосна забрана за лов на охридска пастрмка.

Според нас, како што велат од Охрид SOS, тоа претставува правилен начин за заштита на овој високозагрозен ендемски вид и можност истиот повторно да се врати во езерото. Освен тоа, сметаме дека е неопходно во наредните десет години државата да воведе и целосна забрана за лов на охридска белвица која е, исто така, загрозен ендемски вид во Охридското Езеро.

  • Паралелно со воведувањето на целосна забрана за стопански риболов на охридска пастрмка и охридска белвица во наредните десет години бараме државата да воведе постојана и беспрекорна физичка заштита поддржана со најсовремена опрема и обучени рибочувари за да може овие два многу загрозени видови повторно да бидат застапени во Езерото во задоволителни количини. Секое трајно решение бара темелен и сеопфатен пристап. Да се научиме да ги неутрализираме вистинските причини за проблемите, наместо да ги ставаме под тепих последиците - додаваат од Охрид SOS.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS