Пролетта на северната хемисфера почнува утре, 20 март, во 11:20 часот. Во исто време на јужната хемисфера ќе настапи есента.
Првиот пролетен ден во Македонија ќе трае 12 часа и 5 минути. Сонцето ќе изгрее во 5 часот и 39 минути, а ќе зајде во 17 часот и 44 минути. Месечината, која е во фаза на последна четвртина, ќе изгрее 18 минути по полноќ, а ќе зајде во 10 часот и 16 минути.
На првиот ден од пролетта времето во Македонија ќе биде сончево и топло со минимална температура од 0 до 6 степени и дневни температури од 15 до 21 степен.
Наредниот викенд, ноќта меѓу 25-ти и 26 март, ќе почне летното сметање на времето, со тоа што стрелките на часовникот ќе се поместат еден час нанапред.