mksqen
26
Пет, Апр
0 Нови / 7 дена

Чистење канали и вади во Општина Зрновци

Чистење канали и вади во Општина Зрновци

Типографија

Општина Зрновци спроведува акција за чистење на каналската мрежа.

Паралелно со ова се чистат и вадите кои потоа ќе бидат целосно бетонирани.

  • Пред почетокот на пролетната сеидба се зафативме со чистење на каналите и вадите кои се потребни за испорака на вода до нивите на земјоделските производители од општина Зрновци. Со средства од повеќе извори по чистењето и на вадите истите ќе ги бетонираме со што целосно ќе ги заштитиме од пропаѓање и од загуба на вода - вели Блаже Станков, градоначалник на општина Зрновци.

Станков истакна дека во оваа акција ќе бидат исчистени и бетонирани земјените вади во Морошко поле во должина од 1.400 метри, како и вадите на Кочански, Винички и Штипски пат во вкупна должина од 3.600 метри. Ќе бидат исчистени и вадите во неколку атари во населените места Зрновци, Мородвис и Видовиште.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Македонија