Штипското комунално претпријатие „Исар“ почна со акцијата за чистење и дезинфекција на сите контејнери за смет во населбите и низ централното градско подрачје.
Директорот на ЈП „Исар“ Ангел Бојаџиев вели дека екипите ќе ги исчистат сите платоа, а потоа и ќе ги дезинфицираат сите контејнери, со цел поголема хигиена во градот.
Тој додава дека дезинфекцијата се врши со специјално средство, со цел поголема хигиена и да не се шират заразни болести.