Општина Македонска Каменица за развој на пчеларството во општината на 60 пчелари им додели 400 медоносни дрвца од сортата јапонски багрем.
Како што истакна градоначалникот на Општина Македонска Каменица, Дарко Митевски, општината има за задача да го поттикне развојот на пчеларството и работата на Здружението на пчелари кое постои една година за што од буџетот на општината се издвоени 170 илјади денари.
- Здружението на пчелари од Македонска Каменица е младо здружение формирано 2016, а како здружение, конкурираше со проекти до Општината и Советот ги одобри сите проекти на Здружението. Доделуваме медоносни дрвца кои ќе бидат посадени на местата каде им се пчелните семејства, а во иднина ќе ги поддржиме и најавените обуки за пчеларите, а целта е, секако, да го поттикнеме развојот на пчеларството за кое сме убедени дека има потенцијал во овој регион - вели Митевски.
Претседателот на Здружението, Боге Јанковски вели дека во Македонска Каменица има големи потенцијали за равој на пчеларството и голема неискористетност на пчелните паши.
Следната активност на Здружението е обука на пчеларите од компетентни стручни лица со цел да им помогнат на пчеларите во правилно одгледување на пчелните семејства.