Највисока снежна покривка од 74 сантиметри утрово во осум часот е измерена во Маврово, во Лазарополе 54, во Пожаране 52, во Ѓуриште 44, во Крушево 35, во Тетово 43, во Битола 30, во Берово 29, во Скопје - Петровец 20, во Скопје 19, во Демир Капија 18, во Тополчани 17, во Струмиц а и Крива Паланка 11, во Дебар 10, во Штип 7, во Прилеп 4 и во Претор 3 сантиметри.
Според Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) најстудено изутринава е во Берово каде се измерени минус 19 степени, минус 12 се измерени во Крива Паланка, минус 11 во Маврово, минус 9 во Пожаране, минус 8 во Куманово, Лазарополе и Ѓуриште, минус 7 во Виница, минус 6 во Крушево и Скопје Петровец, минус 5 во Дебар и Тополчани, минус 4 во Скопје, Охрид, Тетово, Штип, Прилеп и Претор, минус 3 во Дојран, минус 2 во Гевгелија, Битола, Струмица и во Демир Капија.
До крајот на денот утре времето ќе биде стабилно кон исток со сончеви периоди, а облачноста ќе се зголемува. Претпладне понекаде во котлините ќе има услови за појава на магла. Минималните температури ќе бидат од минус 7 до минус 1, а максималните од минус 1 до 5 степени.
Како што соопшти Управата за хидрометеоролошки работи, утре од вечерните часови, а потоа и во вторник и среда, ќе има повремени врнежи претежно од снег, со слаб, а кон југозапад и кон југ и со умерен интензитет,
Во вторник преку денот на југоисток повремено врнежите ќе бидат од дожд. Од четврток малку покачените утрински температури повторно ќе опаднат, а преку денот ќе има се повеќе сончеви периоди.
BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS