mksqen
27
Саб, Апр
0 Нови / 7 дена

Македонската Халкбанка добива 10 милиони евра за енергетска ефикасност

Македонската Халкбанка добива 10 милиони евра за енергетска ефикасност

Типографија

Фондот за зелен развој (ГГФ) го зголемил својот заем за Халкбанка Македонија за уште 10 милиони евра, со цел да се поттикне енергетската ефикасност во земјава.

Со овие пари треба да се финансираат проекти за подобрување на енергетската ефикасност во Македонија. Се очекува со нив да се пидонесе за заштеда на околу 50 илјади мегават-часови на годишно ниво, а емисиите на јаглерод-диоксид да се намалат за околу 15 илјади тони.

Со заемот од ГГФ, Халкбанка треба да ја зголеми понудата за еколошки кредити. Со нив треба да се финансира замената на застарената опрема во земјоделството и опремувањето на домовите со технологија што ќе го подобри нивното ефикасно користење а енергијата. Заедно со заемот, ГГФ обезбедува и техничка помош за спроведување на програмата. Од 2010 година, ова е трет заем на ГГФ за Халкбанка од Скопје.

  • Со нашето партнерство им помогнавме на илјадници луѓе во Македонија да користат помалку енергија за да ги задоволат своите потреби, што е една од главните цели на фондот - вели претседателот на ГГФ Кростофер Нолс.

Според директорот на банката Турхан Адеми, кредитите за мерки за енергетска ефикасност се дизајнирани така што со нивното спроведување не се нарушува квалитетот на животот на луѓето.

  • Заемите им помагаат на нашите клиенти да направат сериозно намалување на трошоците за енергија - додава Адеми.
BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Македонија