Главно мени

mksqen
11
Сре, Јун
0 Нови / 7 дена

Од вечерва можна појава на замрзнат дожд

Од вечерва можна појава на замрзнат дожд

Типографија

Повремени врнежи од дожд и снег се очекуваат од денес доцна попладне во западните и северозападните делови од Македонија. Во текот на ноќта на места во котлините можна е и појава на замрзнат дожд. 

Врнежи од дожд ќе има и утре претпладне во западните и северните делови, а на планините ќе врне снег со што снежната покривка ќе се зголеми за нови 10 до 20 сантиметри, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. 

Во Скопската котлина се очекува врнежите да бидат претежно од дожд, а ќе има и услови на места да има појава на замрзнат дожд.

Во недела, според Управата за хидрометеорлошки работи, ќе има преодно стабилизирање, а од понеделник под влијание на нов влажен бран ќе започне период на претежно облачно време со повремени врнежи од снег со променлив интензитет. Од средина на неделата на пониските места, особено на југоисток, врнежите ќе бидат од дожд. Во овој период дневните температури се очекува да бидат во интервал од минус 3 до 4 степени Целзиусови.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS

Најпопуларни вести во категорија Македонија