mksqen
23
Пон, Дек
0 Нови / 7 дена

Зголемена потрошувачката на струја

Зголемена потрошувачката на струја

Типографија

Снабдувањето со електрична енергија се одвива континуирано и во согласност со потребите. Во изминатите 24 часа е забележана зголемена потрошувачка на струја за над 30 проценти во однос на вообичаеното за овој период, информираат од АД ЕЛЕМ.

Оттаму се посочува дека целосно е одговорено на потребите на потрошувачите со оптимизација на домашните производни капацитети, и преку набавка на електрична енергија.

  • За потрошувачите на регулираниот пазар се испорачани 21,459 мегават часови од кои 17,859 мегават часови или 83 проценти се обезбедени од домашните електроенергетски капацитети на АД ЕЛЕМ, а 3.600 мегават часови, односно 17 проценти се набавени од увоз. За првите 11 дена од годинава, домашното производство е натфрлено за 8,39 проценти во однос на планираното во енергетскиот биланс - појаснуваат од АД ЕЛЕМ. 

За денеска, како што информира АД ЕЛЕМ, не е предвидена дополнителна набавка на електрична енергија, а целосните потреби на потрошувачите на регулираниот пазар се обезбедени преку производство од домашните електроенергетски капацитети.

  • Потрошувачката на електрична енергија постојано се следи и производството од домашните капацитети се адаптира во согласност со потребите на регулираниот пазар. Со оглед на најавите од АД ЕВН дека и претстојните денови се очекува и до 30 проценти поголема потрошувачка во однос на вообичаената за тој период, согласно распишаниот јавен оглас на АД ЕЛЕМ од 10 јануари за периодот од 14 до 22 јануари, извршена е набавка на вкупно 22, 824 мегават часови по просечна цена од 79,38 евра за мегават час. Оваа цена е постигната при редовна постапка со негативна аукција - велат од АД ЕЛЕМ. 

Набавката на електрична енергија што се врши во овој период во услови на рекордна потрошувачка и екстремно ниски температури нема да влијае врз цената на струјата за домаќинствата и за малото стопанство, потенцираат од АД ЕЛЕМ.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS