mksqen
22
Нед, Дек
0 Нови / 7 дена

Изградба на атмосферска канализација на главната улица во Гевгелија

Изградба на атмосферска канализација на главната улица во Гевгелија

Типографија

На главната сообраќајница во Гевгелија, улицата ,„7 Ноември“ почна изградбата на атмосферска канализација на делот од мостот над одводниот канал „Рауљ“ до крстосницата со улицата која води до општинскиот затвор.

  • Канализацијата се гради на источната страна од улицата, во должина од 620 метри, а ќе чини повеќе од седум милиони денари - велат од општината и посочуваат дека ова е најкритичниот дел од оваа улица кој секогаш се поплавувал при пообилни врнежи од дожд.

Претходно беше поставена атмосферска канализација на оваа улица почнувајќи од зградата на ЈП за водостопанство „Јужен Вардар“ до кружниот тек кај поранешна „Алатница“ така што ова претставува продолжување на атмосферската канализација по целата должина на главната сообраќајница во Гевгелија.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS