mksqen
23
Пон, Дек
0 Нови / 7 дена

Зголемено ниво на комунална бучава во Куманово

Зголемено ниво на комунална бучава во Куманово

Типографија

Резултатите од мерењето на комуналната бучава што неодамна го извршија екипите на Центарот за јавно здравје Куманово, покажуваат дека е зголемено нивото на бучавата во речиси сите мерни места во градот, односно на десетте крстосници кои беа опфатени со мерењата, информираа  надлежните од Центарот за јавно здравје.

Специјалистот по хигиена од оваа јавна здравстевна установа, д-р Мимоза Величковски, информираше дека граничните вредности, се зголемени од пет до десет децибили над утврденото гранично ниво. Најниско ниво според правилникот е потребно во првиот степен каде што се лоцирани здравствените установи, додека највисокото е дозволено во четвртиот каде се сместени индустриските зони.

  • Нашите мерења покажуваат остапувања од граничните вредности, така што во зоната од втор степен препорачани вредности за  дневна и вечерна бучава се 55 децибели, а за ноќната која е после 23 часот се уште пониски-45 децибели дозволени. Мерењата покажаа отстапувања од пет до десет децибели од дозволените вредноти. Најчеста причина е високиот интензитет на сообраќајот, бучавата од градежните активности и од активностите на граѓаните - вели Величковски.

Што се однесува до здравствените ефекти од преголемата изложеност на населението од бучавата кои ги предизвикува зголемената комунална бучава, додава д-р.Величковски, се одредуваат според индикаторите за бучава.

  • Тоа е пореметување на сонот, потешко заспивање, будење во текот на спиењето и појава на возмениреност која е индикатор на повисока бучава - објаснува Величковски.

Постојат, посочува, и други фактори кои одредуваат колку бучавата влијае врз популацијата, а тука е и субјективното чувство за бучавата и колку вознемирувачко делува кај граѓаните. Вознемиреноста од бучавата, додава Величковски, може постепено да доведе до зголемувањето на крвниот притисок, незадоволство, неуспешност во работата, слаба концентрација кај учениците во текот на работниот ден.

Мерењата на бучавата се спроведуваат два пати годишно на десет локации во градот. Локациите каде се мери бучавата  одредени се  во соработка со Министертвото за животна средина и просторно планирање.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS