mksqen
19
Пет, Апр
0 Нови / 7 дена

Заврши есенската сеидба во Крива Паланка и Ранковце

Заврши есенската сеидба во Крива Паланка и Ранковце

Типографија

Според податоците од Подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство од Крива Паланка, сеидбата на житни култури во Крива Паланка и во Ранковце е завршена.

Комплетно е реализирано сеењето на сите житни култури предвидени со годишниот план за есенска сеидба. Засеани се вкупно 1.670 хектари од кои 1.440 се засеани од страна на индивидуални земјоделци, а 230 од земјоделски претпријатија.

Најголема површина е засеана со јачмен, 830 хектари од кои 700 од индивидуални земјоделци, а 130 од земјоделски претпријатија. Пченица е засеана на површина од 700 хектари, на 80 хектари е посеан р ’ ж, а на останатите други житни култури, луцерка и тритикале.

Условите за сеидба биле оптимални, со доволно количество влага, а по сеидбата паднал дожд, што е исто така идеално за посевите, дополнително, штитејќи го семето од штетници, пред се птици, кои го разнесуваат во услови на суво време. Р ’ тењето е почнато и се очекува добар принос.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Македонија