Заврши електрификацијата на туристичката населба Равна Река кај Пехчево.
Проектот е на ЕВН и е вреден 600 илјади евра што треба да донесе развој на туризмот во населбата која е во непосредна близина на водопадите на изворите на Брегалница.
Како што вели градоначалникот на Пехчево Игор Поповски по поставување на секундарната мрежа во населбата, граѓаните ќе можат слободно да се приклучуваат на неа.
- Реализацијата на овој голем инфраструктурен проект ја зголемува атрактивноста на населбата што од друга страна, пак, носи голем број заинтересирани граѓани кои сакаат да купат плацеви. Според новиот ДУП се предвидени околу 350 плацеви за викенд куќи, но и за хотели и ресторани - вели Поповски.