mksqen
23
Пон, Дек
0 Нови / 7 дена

Системот капка по капка даде резултат во Чешиново

Системот капка по капка даде резултат во Чешиново

Типографија

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков во присуство на оризопроизводители ги промовираше резулаттите од првото и единствено поле со ориз во Макеоднија наводнувано со систем „капка по капка во сопственост на Јорданчо Лефков.  

  • За македонското земјоделство да биде конкурентно клучно е земјодлеците да ивенстираат во нови технологии како системите капка по капка за едногодишни култури. Новиот начин на наводнување овде во Чешиново резултираше со заштеда на вода од 40 проценти, заштеда на време од 650 отсто (218 работни часови), олеснет процес на хемиска заштита, значително намалување на плевелот, зачувување на хранливи материи во почвата и намалување на емисијата на стакленички гасови од полето. Дополнително овој начин на наводнување отвора можност за производство на органски ориз кој не се произвдеува во Македонија, а за кој има голема побарувачка во Европа - вели Цветков.

Тој потенцира дека Министерството за земјоделство ќе продолжи да го подржува овој процес преку националаната програма која во 2017 година ќе стави на располагање три милиони евра за кофинансирање на ископ на бунари и набавување системи капка по капка за едногодишни култури.

  • Одржливото производство на ориз со помош на наводнувањето капка по капка е клучно за адаптација на земјоделството кон климатските промени но и за зголемување на профитабилноста на оваа култура. Со дополнително усовршување на земјодлеските протоколи кои се користат со наводнувањето капка по капка овозможено е и зголемување на приносите на ориз до 20 проценти - објаснува Димче Дамјановски агроном и специјалист за економски развој во проектот на УСАИД за експанзија на мали бизниси.

Според Јораданчо Лефков, оризопроизводител од село Чешиново примената на системот капка по капка е повеќе од исплатлив. На оваа иста површина, вели тој, по производство на јачмен, сега се добиени задоволителни приноси на ориз и тоа по 600 килограми по декар. 

Со донесувањето на законот за консолидација на земјоделско земјиште Цветков рече дека од фондовите на ЕУ ИПА 2 програмата се обезбедени финансиски средтва од шест милиони евра за оваа намена. Од идната година, рече тој, ќе почнеме со избор на земјделски површини во Кочанско со цел да се добие поголема земјоделска површина и систем за наводнување.

  • Земјоделците од кочанско не го користат семенскиот материјал, додавајки дека 1,5 процент од површините се насеани со семенски материја, а останатите со меркантилно семе. Како Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство во 2017 година на прозивдителите ќе им обезбедиме сертифициран семенски матереијал увезен од Италија за оние сорти кои земјоделците ќе ги побараат. За само 70 денари по килограм сертифицирана семенска арпа ќе увеземе и истата ќе ја платиме 50:50 согласно програмата за рурален развој со што ќе се добијат просечни приноси по 7.000 тони од хектар - додава Цветков.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS