Општината Босилово подготвува проектна докуемнтација за изработка на канализациски системи со пречистителни станици во четири населени места.
За канализациите во Турново и во Секирник подготовката на проектната докуемнтација оди преку програмата на Министерството за животна средина, објасни градоначалникот Љупчо Колев.
- Преку оваа програма обезбедивме средства за проектната документација за канализациски системи во Турново и во Секирник заедно со пречистителни станици. Пречистителната станица во Турново ќе биде димензионирана да ги прифаќа и водите од Радово - објаснува Колев.
Преку проект на УНДП, Босилово ја изработува и проектната документација за канализации и за пречистителни станици и во Старо Балдовци и во Робово.
- Сите општини од југоисточниот плански регион добивме средства за изработка на проектна докумантација за изградба на канализациски системи со прочистителни станици за по две населени места. Според критеримите кои ни ги дадоа, избрани се овие места - појаснува Колев.
Според него, овие проекти наскоро ќе бидат готови со што ќе остане отворена можноста локалните власти да може да аплицираат пред странските и домашните финансиски програми и фондови за нивна реализација.