Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово во соработка со општина Тетово постави дваесеттина корпи за отпадоци во централното градско подрачје.
Целта на донацијата е подигнување на еколошката свест кај граѓаните.
Активноста се спроведува во пресрет на 15-годишнината од основањето на оваа високообразовна институција.
Според ректорот на УЈИЕ Замир Дика, еден современ универзитет не треба да се докажува само со научно истражувачка работа, туку и да придонесе во општеството каде делува.
- Со оваа симболична донација од еколошки корпи за отпадоци произведени во Тетово сакавме да покажеме дека ќе продолжиме заеднички да работиме на подигање на еколошка култура во градот, а ги имаме ставено на располагање и сите наши научно-истражувачки ресурси особено од нашиот Институт за животна средина и здраваје со цел да се избориме со овие еколошки појави што во последно време се присутни тука и на ваков конкретен начин - вели Дика.