Сончево време со слаб ветер ќе има утре, а дожд и заладување в недела, најавува Управата за хидрометеоролошки работи за претстојниот викенд.
Времето утре претпладне во Македонија ќе биде претежно сончево со мала до умерена облачност. Во попладневните часови облачноста ќе се зголемува, најпрвин од западната страна на земјата. Преку денот ќе дува слаб до умерен јужен ветер.
Утринската температура ќе се движи од еден до девет, а дневната од 17 до 23 степени.
Од недела под влијание на влажна воздушна маса ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Повеќе дожд ќе има во источните делови од земјата.
Утринските температури малку ќе се покачат, а дневните веќе од понеделник ќе бидат пониски за 3 до 5 степени.
Почести врнежи ќе има од недела попладне и во ноќта кон понеделник, а тогаш се очекуваат и услови за краткотрајна нестабилност на југот со појава на грмежи. Од понеделник во периодот кој следи потоа, врнежите ќе бидат повремени со слаб до умерен интензитет и претежно во западните делови од земјата.