mksqen
23
Пон, Дек
0 Нови / 7 дена

Соларна централа во Албанија, близу Валона

Типографија

Компанијата „Новосел фотоволтаична централа“ бара одобрение од албанското Министерство за енергетика да изгради фотоволтаичен парк  во вредност од 72 милиони евра, со капацитет од 50 мегавати.

Изградбата е планирана за областа Новосела во близина на приморскиот град Валона.

Вкупната површина на централата треба да биде 154,59 хектари. Компанијата имала соработка со повеќе германски фирми што имале долгогодишно искуство во производството на електрична енергија од обновливи извори.

Проектот сепак се соочува со административни пречки поради сопственичката структура на инвеститорот, но и поради долгата процедура во повеќе чекори за да се добие такво одобрение.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS

Најпопуларни вести во категорија Балкан