mksqen
23
Пон, Дек
0 Нови / 7 дена

Грција планира да го зголеми бројот на подрачја под заштита

Грција планира да го зголеми бројот на подрачја под заштита

Типографија

Грција има крајбрежје од речиси 14.000 километри, но само шест отсто од грчките води се заштитени во рамките на мрежата Натура 2000 на Европската унија.

Поради ова, министерството за животна средина на земјата планира да вклучи уште 1,93 милиони хектари крајбрежни и водни површини во мрежата, меѓу кои и Коринтскиот залив, морето околу Крит, бреговите на Паксои, Пилос и на Андрос, и морето меѓу Кавала и Тасос.

Грција во моментот има 403 места на листата на мрежата Натура 2000. Од нив, 152 вклучуваат морски делови, а само 16 се целосно морски, што претставува шест проценти површината од грчките мориња. Откако Европската унија го забележала тоа во свој извештај, министерството за животна средина предложило уште 100 места за вклучување во мрежата Натура 2000, од кои дел се нови, а дел се проширување на постојни заштитени подрачја.

  • Грција ги исполнува целите на Европската унија и на Обединетите нации за заштита на биодиверзитетот на копното. Но заостанувавме во заштитата на морските површини. Со новите предлози, 17 проценти од нашите води ќе бидат заштитени - вели Кристина Баритаки, генерален секретар на министерството.

При изборот на нови локации за заштита, фокусот бил на тие што имаат песочни дини, морски ливади, гребени, или подводни геолошки формации. Се водело сметка и да се изберат локации кои подобро ќе придонесат за заштита на загрозените видови.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS

Најпопуларни вести во категорија Балкан