mksqen
16
Вто, Апр
0 Нови / 7 дена

Пожарникари спасиле белоглав мршојадец во Бугарија

Пожарникари спасиле белоглав мршојадец во Бугарија

Типографија

Пожарникари од бугарскиот град Карџали учествувале во акција за спасување наеден белоглав мршојадец, откако добиле повик дека беспомошната птица слетала во еден од квартовите во градот.

Тие први стигнале на местото и веднаш стапиле во контакт со Бугарското друштво за заштита на птиците, за да добјат инструкции како најбезбедно да го фатат мршојадецот и да го транспортираат на сигурно место.

Подоцна птицата била транспортирана во азил за диви животни на организацијата „Зелен Балкан“ во Стара Загора. Ветеринарите утврдиле дека мршојадецот е премногу слаб и дека има повреда на десното крило. Неговото лекување почнало. На крајот ќе му се стави прстен со сателитски предавател, со кој ќе им се помогне на научниците подобро да го проучат животот на овие птици.

  • Во ова време од годината младите мршојадци ги прават првите обиди да полетаат, а тие не се секогаш успешни - вели Волен Аркумарев од Бугарското друштво за заштита на птиците.

Неколку недели пред овој инцидент, рибари спасиле од давење во кладенец едно штотуку изведено пиле од белоглав мршојадец.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Балкан