mksqen
23
Пон, Дек
0 Нови / 7 дена

Замок од глина како во филмот „Хобит“

Замок од глина како во филмот „Хобит“

Типографија

Разван и Габриела Василе, брачна двојка од романскиот главен град Букурешт, решиле да избегаат од метежот во метрополата и изградиле своја еколошка, енергетски ефикасна „куќа од бајките“ од природни материјали во Трансилванија.

Само глина, слама и песок се користени за нивниот дом од соништата, кој бил граден во стилот на куќите од филмовите „Господар на прстените“ и „Хобит“. Тие ја продале својата куќа во Букурешт и за само две години го изградиле дворецот на 40 километри од гратчето Сибиу. Благодарение на архитектот што им ја исполнил замислата, тие успеале да ја избегнат употребата на бои, лакови и други вештачки материјали.

До крајот на годинава семејството Василе планира да отвори ресторан во својот дворец, во кој ќе се служи исклучиво локална храна. Се надеваат дека тој ќе прерасне и во хотел во блиска иднина. Дворецот од глина веќе има голема популарност на интернет и станува туристичка атракција, а една двојка изразила желба да се венча во него.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS

Најпопуларни вести во категорија Балкан