Српската компанија „Вајс лајт“ стана првиот производител на ЛЕД-светилки од оваа земја, пишува порталот „Е-капија“.
Станува збор за семејна фирма стара само една година, која прво увезувала такви светилки од Кина, но бидејќи бројот на рекламации постојано се зголемувал, решиле да му стават крај на тој дел од приказната и да почнат со сопствено производство. Основачот Иван Вајс изјавил дека во нивниот погон од 600 квадратни метри во Белград се одвива целиот процес на производство и пакување на светилките, и дека тие се стопроцентно домашен производ.
- На многумина се` уште им звучи неверојатно мојата приказна, дека со производство на ЛЕД-светилки може да се заработи дури и на домашниот пазар. Се надевам дека ЛЕД-технологијата ќе придонесе за раст на свеста на граѓаните - рекол Иван Вајс.
ЛЕД-светилките се едно од решенијата за зголемена енергетска ефикасност на домаќинствата. Една таква светилка троши десет пати помалку електрична енергија во однос на обичните.
BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS