Градските власти од Софија почнаа едукативна кампања за штетата од греење на евтин јаглен и дрва.
Ова е една од главните итни мерки со кои властите ќе се борат против опасниот валкан воздух во Софија.
Кампањата следува по дводневните високи концентрации на прашина во Софија, кои во некои часови во денот достигнувале девет пати над дозволеното ниво на загадување.
Информативната кампања e насочена кон граѓаните и препорачува замена на камините и печките со алтернативни начини на греење, кои не го загадуваат воздухот.
Кампањата е предвидена за целата 2017 година и се спроведува во соработка со Министерството за животна средина и води. Причина за кампањата се податоците кои покажуваат дека главен извор на загадувањето во Софија е греењето.
BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS