mksqen
23
Пон, Дек
0 Нови / 7 дена

Ќе се тестира нов автобус на струја во Софија

Ќе се тестира нов автобус на струја во Софија

Типографија

Од 15 јануари во Софија почнува тестирањето на новиот автобус на струја. Тој е производство на кинеската компанија "Јуитун бус", која неодамна достави 110 дизел автобуси за потребите на градскиот транспорт во Софија.

Електробусот ќе биде пуштен на линија која се движи до аеродромот во Софија бидејќи тоа е линијата која поминува низ најзагадените делови на Софија.

Со едно надополнување автобусот поминува до 300 километри, што е сосема доволно за урбани потреби. Според пресметките на градскиот превоз нема линија на која автобусите возат, а која поминува повеќе од 300 километри, пред да влезе во гаражата.

Електробусот е пристигнат заедно со станица за полнење. Таа е монтирана во гаражата и батеријата се полни за 4 до 5 часа, а тоа е времето што автобусите го поминуваат во гаражите меѓу двете смени.

Ова е втор тест на електрични автобус во Софија.

По овој тест ќе се направат анализи за да се избере подобрата технологија. Општината планира да купи 20 електробуса до 2019 година, како и десет на друг вид гориво.

Сегашниот електробус доаѓа од Париз, каде што е тестиран до пред месец. Тој ќе се користи бесплатно до мај.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS

Најпопуларни вести во категорија Балкан