mksqen
19
Пет, Апр
0 Нови / 7 дена

Студениот бран во БиХ зема една жртва

Студениот бран во БиХ зема една жртва

Типографија

Возрасен маж е починат од премрзнување во околината на Фоча во источна Босна и Херцеговина и тој е жртва на студениот бран, кој ја зафати БиХ во првите денови од јануари.

Полицијата источно од Сараево потврди дека телото на 88-годишниот маж било пронајдено во шума покрај селото Милевина.

Телото било пронајдено од ловци. Мажот бил облечен во тенка облека и се претпоставува дека починал во текот на ноќта, кога температурата паднала до минус 15 степени.

Босанските метеоролози предупредуваат дека следните денови во БиХ пристигнува нов студен бран. Во Сараево во текот на викендот се очекуваат температури до минус 22 степени Целзиусови во текот на ноќта, а дневните ќе достигнат околу 12 степени.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Балкан