Умерени земјотреси се регистирани во јужна Грција и во Романија, од кои вториот бил почуствуван и во делови од Бугарија, Молдавија и севрозападна Турција.
Како што соопшти Институтот за геодинамија при Атинската опсерваторија, земјотрес со интензитет од 4,5 степни според Рихтеровата бил регистриран во реонот на полуостровот Пелопонез.
Според опсерваторијата, епицентарот на потресот бил во Средоземното Море источно од областа Лаконија, на длабочина од 10 километри под морското дно. Европскиот медитерански сеизмолошки центар јави дека потресот бил со јачина од 4,8 степни според Рихтер, со епицентар на 71 километар југоисточно од Спарта. Земјотресот бил почуствуван во поглемиот дел на Пелопонез, но нема информации за жртви или предизвикани материјални штети. По него, следувале серија послаби вторични потреси со послаб интензитет. Европскиот сеизмолоки центар соопшти и дека земјотрес со интензитет од 5.6 степени според Рихтеровата скала, бил регистиран и во романскиот регион Вранча.
Епицентарот на потресот бил во реонот на градот Фокшани на 147 километри северно од Букурешт, на длабочина од 98 километри под површината на земјата. Романскиот сеизмолошки институт меѓутоа соопшти дека јачината на потресот била 5,2 степени според Рихтер. Ни при овој земјотрес нема инфромации за жртви или предизвикани материјални штети. Регионот на Вранча на 4 март 1977 година беше погоден од земјотрес со интензитет од 7,4 степени според Рихтер, при што загинаа неколку стотици лица, а разурнување имаше во неколку градови, вклучително и во Букурешт. Земјотресот во Романија бил почуствуван и во делови од Бугарија, пред се во реоните на градовите Добрич, Силистра, Шимен и Сливен. Со послаб интензитет потресот бил почувствуван и во Молдавија, како и во области во европскиот дел на Турција.
BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS