Обилните снежни врнежи и студеното време што ја зафатија делови на Турција, придонесоа за затворање на повеќе училишта и за проблеми во сообраќајот.
Властите во 21 округ во централна и северна Турција соопштија дека поради обилните врнежи денеска нема да работат училишта. Снегот предизвика проблеми во сообраќајот на повеќе патни правци, од кои некои се целосно затворени. Поради невремето во застој е и сообраќајот на меѓуградските автобуски линии од Анкара.
Поради солниот ветер во прекин е и фериботскиот транспорт од Истанбул кон градовите Бурса, Калова и Баликесир во северозападниот дел на Турција.
Авикомпанијата Туркиш Ерлајнс соопшти дека поради невремето откажала 38 летови планирани за денеска и уште 26 предвидени за утре.
BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS