mksqen
23
Пон, Дек
0 Нови / 7 дена

Црните школки и морските полжави се намалуваат во Црното Море

Црните школки и морските полжави се намалуваат во Црното Море

Типографија

Податоци од истражувањата на два вида црни школки и морските полжави до 35 метри длабочина покажаа намалени количини.

Тоа го утврдиле научници од Институтот за рибни ресурси во Варна, кои го испитуваат Црното Море. Целта на конкретното истражување било да се воспостави еколошкиот статус, дистрибуцијата и резервите на нерибни ресурси со економско значење.

Во почетната фаза на истражувањето се откриени примероци од овие видови школки со мали димензии, како и зони со празни лушпи од црните школки што според експертите е показател за намалување на резервите од двата вида на истражуваната област. Во моментов се обработуваат податоци добиени од истражувања и при поголема длабочина. Тие ќе овозможат да се направи сеопфатна анализа на развојните процеси. Како резултат на истражувањата ќе бидат развиени мерки со цел донесување на најдобри решенија во управувањето и користењето на нерибните ресурси во Црното Море.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS

Најпопуларни вести во категорија Балкан