Србија идната година од европските фондови ќе добие 100 милиони евра кои ќе бидат вложени во три големи инфраструктурни проекти.
Ова го вели српската државна секретарка во Министерството за земјоделство, животна средина и заштита на природните ресурси Стана Божовиќ.
- Средствата ќе бидат инвестирани во постројки за прочистување на отпадни води во Ниш и Крагујевац и центар за управување со отпадот во Нови Сад - вели Божовиќ.
Таа додава дека во наредните 25 години потребно е да се вложат 25 милиони евра во водоснабдување, управување со отпадот, прочистување на водите и индустриското загадување.
Србија прв пат има планови и знае што треба да направи во сите 10 области за заштита на животната средина во наредните 25 години - додава Божовиќ.