mksqen

Стотици илјади морски риби се удавиле во поток во Њу Џерси

Стотици илјади морски риби се удавиле во поток во Њу Џерси

Типографија

Стотици илјади мртви риби биле исфрлени од потокот Вакак во американската сојузна држава Њу Џерси, соопштија локалните власти.

Станува збор за морски вид риба која е вообичаена во Атлантскиот океан.

Боб Консидин, портпарол на управата за животна средина на државата вели дека јатото риби најверојатно бегало од други риби што го ловеле, и на тој начин залутале во слатководниот поток и таму се задушиле бидејќи водата не содржи доволно растворен кислород за да ги одржи во живот. Но додал дека тоа е само претпоставка.

  • Не можеме да ги прашаме рибите - се пошегувал Консидин.

Масовни помори на риби се случуваат еднаш до двапати во САД. Претходно надлежните за заштита на природата на државата Монтана затвориле потег од 240 километри на реката Јелоустоун откако паразит убил десетици илјади риби во регион што бил многу популарен меѓу спортските риболовци.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Свет