mksqen
18
Чет, Апр
0 Нови / 7 дена

Фрлени златни рипки масовно се размножуваат и уништуваат екосистеми

Фрлени златни рипки масовно се размножуваат и уништуваат екосистеми

Типографија

Малите златни рипки изгледаат сосема безопасно во домашните аквариуми, но ако се пуштат во некое водно тело надвор, може да направат вистински хаос.

Во април минатата година службите за заштита на природата во американската сојузна држава Колорадо се справувале со наезда од 4.000 златни рипки во езерото Телер. Се верува дека неколку години порано некој фрлил само една рака рипки во водата, што било доволно за тие да се намножат до тој степен.

Во 2013 година службите на Калифорнија, пак, изјавиле дека златните рипки го целосно го освојуваат познатото езеро Тахо, исто така најверојатно откако нивните сопственици ги пуштиле во него. А веќе дванаесет години златните рипки владејат со реката Вас во југозападна Австралија, каде што не само што им расте бројот, туку растат и во големина. Локалните жители и служби успевале да фатат примероци долги и по 20 сантиметри и тешки по два килограми.

  • Веројатно кога некои семејства се селат во нов дом, не сакаат да го земат и аквариумот, па ги пуштаат рибите во најблиската вода - вели д-р Стивен Бити од универзитетот Мардок во Австралија, кој ја истражува оваа појава.

Службата за паркови и за природа во Колорадо е многу загрижена за состојбата.

  • Ова е лоша работа, ова е многу лоша работа. Ќе почнат да јадат се` што јадат домашните риби, водоземци и птици, и можат да нанесат многу негативни последици на средината - изјавила Џенифер Черчил, портпаролка на оваа служба.

Златните рипки се едни од најмалите членови на семејството крапови. Нивниот природен дом е Источна Азија, но се чуваат како миленичиња насекаде во светот.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Свет