Загадувањето на воздухот во Сингапур се искачи до нездрави нивоа поради чадот од пожарите на индонезискиот остров Суматра.
Во секоја сушна сезона, пожарите со кои се расчистува земјата за нови плантажи на палмино масло во Индонезја предизвикуваат облаци од чад да покријат голем дел од поширокиот регион, загрозувајќи го здравјето на луѓето и предизвикувајќи ризици за туристичките оператори и за авиокомпаниите.
Индонезија се соочува со критики од своите северни соседи и од еколошки организации идејќи не успева да ги запре годишните пожари, иако се проценува дека штетите од нив ја чинат државата 16 милијарди долари годишно, и предизвикуваат заболувања на белите дробови кај половвина милион луѓе. Претседателот Јоко Видодо донел одлука да се удвојат полициските патроли во регионите што се често зафатени од овие пожари.
- Пожарите на земјиштата и во шумите во реонот на Риау сезголемуваат. Чадот што се издигнува од жешките точки е многу густ. Против огновите се бориме со 7.200 луѓе и со повеќе летала - рекол портпаролот на индонезиката Агенција за справување со природни катастрофи, Сутопо Нугрохо.
Сингапур бара од Индонезија информации за компании што се сомничат дека го предизвикуваат загадувањето. Некои од нив се запишани на сингапурската берза.
BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS