Во Сибир, мачка зеде во своја заштита бебе мајмун, кое претходно останало напуштено од својата мајка, јавуваат руски медиуми. Беспомошното суштество од расата сајмири, го доби името Фјодор. Татјана Антропова, управничка на зоолошката градина во сибирскиот град Тјумењ, претходно го згрижила мајмунчето кај себе дома, но била изненадена од тоа како нејзината 16-годишна мачка Росинка го прифатила сето тоа.
- Го носеше на грб и го тешеше. Но, поради годините на мачката, по некое време малиот мајмун почна да ја заморува. А, стана и безобразен, па почна да ја гризе и штипе - рече Антропова.
Росинка сепак треба да издржи уште само еден месец, за мајмунчето да порасне доволно, така што ќе може да се врати во зоолошка и да им се придружи на другите мајмуни.
Мачка посвои мајмунче во Русија
Типографија
- Font Size
- Default
- Режим читање