mksqen
23
Пон, Дек
0 Нови / 7 дена

Шест жртви од силната плима во Велика Британија

Шест жртви од силната плима во Велика Британија

Типографија

Шест лица загинаа во текот на изминатиот викенд, во морските води околу Британија, од високите бранови и од силната плима, соопшти британската крајбрежна стража.

Тројца мажи, две жени и едно младо момче настрадаа во морето, на неколку локации во крајбрежниот појас на јужна Англија, во реонот на Абредин, на источниот брег од Шкотска и кај островот Џерси, во каналот Ламанш.

Првата несреќа се случила во петокот доцна попладнето, кога високите бранови „одвлекле“ цело едно семејство, од плажа во реонот на Корнвол, популарна дестинација за одмор на Англичаните.

Татко, мајка и две годишно дете, кои стоеле покрај брегот и ги гледале големите бранови, биле „грабнати“ од морето и однесени во далечината.
Спасувачи на крајбрежната стража успеале да ги извадат од морската вода, но таткото подоцна починал од повредите во болница. Неговата малечка ќерка е се уште на лекување, а лекарите велат дека незината состојба е мошне тешка.

Инцидентот се случил во реонот на пристанишниот град Њукеј, на југот од Англија, популарна локацја за сурферри од целиот свет, поради големите и често многу силни бранви што го зафакаат тој дел од Ламанш, отворен кон Атланскиот Океан.

Еден сурфер, починал во болница во саботата, откако ветерт и брановите го оневозможиле да се врати на брегот, а кај Абердин е регистрирана нова семејна несреќа во која, во морската вода се удавија мајка и син.

Крајбрежната стража ги предупредува лугето кои се на одмор и посетителите во крајбрежјето, да не влегуваат во водата, доколку брановите се големи и силни, како и да стојат на прописна одалеченост од брегот.

Изминатите неколку денови реонот околу британските острови беше зафатен со бранови, ветер и силна плима, кои претставуваат сериозна закана за живот на капачите, на сурферите во вода и на оние кои сакаат да се забавуваат со мали и лесни чамци и пловечки објекти.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS

Најпопуларни вести во категорија Свет