mksqen
23
Пон, Дек
0 Нови / 7 дена

Реката Хан, туристички адут на Сеул

Реката Хан, туристички адут на Сеул

Типографија

Со збогатување на содржините и на програмите во 11-те паркови околу реката Хан, која е широка еден километар, главниот град на Јужна Кореја, Сеул, ќе се обиде да им го привлече вниманието на милионите посетители што доаѓаат секоја година.

Како што секоја голема цивилизација еволуирала околу голема река, така се раѓал и секој голем град. А Сеул не е исклучок бидејќи е речиси на идеална половина поделен со реката Хан, пишува јужнокорејската агенција Јонхап. Реката отсекогаш била дел од животот на оние луѓе кои живееле околу престолнината, а сега и уште повеќе и не само затоа што е исклучително вреден извор на вода за 10 милионското градско население, како и место за опуштање и забава.

Дури и за оние кои го посетуваат главниот град на Јужна Кореја на само неколку дена, реката може да биде дел од уникатно и одлично туристичко доживување, со што патот во Сеул станува уште повреден (според податоците на градската управа, Сеул има 59 милиони посетители годишно). Од скијање на вода до целодневен престој на сонце, до музички настани и концерти со ѕвездите од кеј-попот, 11-те паркови долж реката која е долга 43 километри, се` до границите на градот се нуди од се по нешто и за секого, без разлика на возраста или националноста.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS

Најпопуларни вести во категорија Свет