mksqen
19
Пет, Апр
0 Нови / 7 дена

Јапонците ќе ја прават морската трева поотпорна на глобалното затоплување

Јапонците ќе ја прават морската трева поотпорна на глобалното затоплување

Типографија

Морската трева мозуку е една од најбараните кулинарски состојки во Јапонија. Таа се одгледува на подводни фарми околу островот Окинава веќе 35 години.

Годишно се произведуваат околу 20.000 тони и од тоа се заработуваат милијарди јени. Откако минатата година производството опадна како последица на растечката температура на морето, политичките институции и истражувачките центри почнале да развиваат стратегија како да го спасат богатството на Окинава.

Научниците од повеќе научни институции на островот успеале да декодираат специфична низа од ДНК на тревата мозуку. Според нив, со тоа се откриваат сите тајни на овој организам. Како што открива Коки Нишицуџи, тоа може да придонесе за да се развие вид на мозуку кој ќе биде поотпорен на растечките температури, односно ќе може да се развива и во потопли води.

Тревата мозуку е ценета и поради нејзините позитивни здравствени ефекти, меѓу другото, го забавувала и растот на туморите. Но таа била барана и поради нејзиниот одличен вкус.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Свет