mksqen
23
Пон, Дек
0 Нови / 7 дена

Струја добиена со заробување на јаглерод-диоксидот

Струја добиена со заробување на јаглерод-диоксидот

Типографија

Јаглерод-диоксидот како гас одговорен за ефектот на стаклена градина често е штетниот остаток од производството или од користењето енергија од фосилните горива, јагленот и нафтата.

Но новите истражувања покажале дека може да се добива електрична енергија и додека се запира испуштањето на јаглерод-диоксидот во атмосферата.

Технологијата зас неговото складирање пред да биде испуштен во воздухот е еден од вообичаените начини да се ограничат емисиите. Но истражувачите од Универзитетот Корнел нашле нов метод на заробување на овој гас, при што не само што го претворале во употреблив производ, туку во тој процес дополнително произведувале и струја. Тие пронашле батериска ќелија што користи електрохемиска реакција со која истовремено се заробувал јаглерод-диоксидот и се добивала струја.

 

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS

Најпопуларни вести во категорија Свет