Лос Анџелес во следните две години сигурно ќе биде погоден од силен земјотрес, предупреди денеска американската вселенска агенција НАСА.
- Можноста тоа да се случи е 99,9 проценти. Постои доволно енергија што може да предизвика земјотрес со интензитет од 6,1 до 6,3 степени по Рихтер - тврди НАСА.
Од Лабораторијата за млазен погон (ЈПЛ), истражувачка и развојна институција која се финансира од буџетот на САД и на НАСА, со седиште во Пасадена, предупредуваат дека низата помали потреси под тлото на Лос Анџелес довело до натрупување на притисокот.
Земјотрес со интензитет од 5,1 степени според Рихтеровата скала го погоди Ла Хабра, јужна Калифорнија, во 2014 година.