mksqen

Проект: складирање на соларната енергија во песок

Проект: складирање на соларната енергија во песок

Типографија

Истражувачи во Абу Даби тестираат направа со која може да се складира сончевата енергија во песокот, и со тоа да се подобри ефикасноста на соларните централи и да се обезбеди струја за ноќните часови.

Технологијата ја развил Институтот Масдар за наука и технологија. Во нејзината основа е извлекување песок од повисок во понизок басен, така што тој се загрева, и на тој начин може да ја сочува енергијата за да се искористи подоцна. Следниот чекор е да се тестира пософистициран модел кој би можел  да се пушти во комерцијална употреба. Со тестовите се испитува и термалната стабилност на песокот, и неговиот капацитет да апсорбира топлина. Резултатите покажале дека песокот може да складира топлинска енергија од 800 до 1.000 Целзиусови степени.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Свет