Тајфунот Омаис минатата ноќ ги погоди северноисточните и централните делови на Јапонија.
Поради тајфунот се откажани летовите и запрени се брзите возови кои се движат меѓу перифериите Фукушима и Јамагата.
Исто така, поради поројните дождови неколку патишта во префектурата Фукушима се под вода, и нарушени се бродските врски меѓу островите Хокаидо и Хоншу.
Сега тајфунот е над северноисточните префектури Ивате и Мијаги. Според прогнозата во вечерните часови тој ќе стигне до крајбрежјето на Хокаидо
BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS