mksqen
19
Пет, Апр
0 Нови / 7 дена

Поплави во Москва, спасени стотици луѓе

Поплави во Москва, спасени стотици луѓе

Типографија

Делови од Москва се поплавени откако во рускиот главен град наврна дожд незабележан во изминатите неколку децении, при што стотици луѓе мораа да бидат спасени, јавуваат руски медиуми.

Во Москва дождот почна да врне во неделата навечер, и не престанал во текот на вчерашниот ден. Според властите, наврнале 80 милиметри на квадратен метар, што е количина која обично се регистрира во еден месец. Со тоа е надминат рекордот од 1970 година.

До пладне во московската Управа за справување со поплави се упатени повеќе од 350 повици. Во поплавите не е регистрирана ниту една жртва.

Испратени се околу 500 возила за спасување граѓани. Метеоролозите најавуваат дека дождот ќе врне во Москва се до денеска попладне.

 

 

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Свет