mksqen
23
Пон, Дек
0 Нови / 7 дена

Земјотрес во Перу, најмалку деветмина загинати

Земјотрес во Перу, најмалку четворица загинати

Типографија

Најмалку девет лица загинаа, меѓу кои и еден американски турист, а 52 други се повредени при земјотрес со интензите од 5,2 степени што денеска во раните утриски часови по локално време ги погоди јужниот дел на Перу.

Земјотресот бил на длабочина од осум километри под површината на земјата, со епицентарот на 10 километри од градот Чивај, административен центар на повинцијата Кајлома.

Земјотресот предизвикал свлечиште, кое затрупало педесетина куќи и оштетило неколку патни правци, поради што повеќе села во долината Колка се отсечени од светот. Од потресот се оштетени уште околу 80 куќи, кои според властите, повеќе не можат да се користат за живеење.

Гувернерот на Кајлома, Ромули Тинта во изјава за телевизијата РПП апелираше за помош за настраданите и за испраќање на тешка машинерија за расчистување на патиштата и затрупаните куќи.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS

Најпопуларни вести во категорија Свет