mksqen
08
Нед, Јун
0 Нови / 7 дена

Земјотрес од 7,2 степени во реонот на Вануату

Земјотрес од 7,2 степени во реонот на Вануату

Типографија

Земјотрес со интензитет од 7,2 степени според Рихтеровата скала е регистриран денеска на околу 500 километри југоисточно од пацифичката островска држава Вануату, соопшти Американскиот геофизички институт.

Засега нема информации за евентуални жртви или предизвикани материјални штети. Веднаш по земјотресот, беше објавено предупредување за можна појава на цунами, но тоа набрзо беше повлечено. Според Американскиот институт, земјотресот бил на длабочина од 10 километри под дното на Тихиот Океан. Набрзо по овој, биле регистирани уште серија вторични потреси, меѓу кои и неколку со интезитет од 4,7 до 5,4 степени според Рихтер.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS

Најпопуларни вести во категорија Свет