Активистите за заштита на природата укажуваат дека најголемиот проект за отстранување брана од река во САД е успешен. Екосистемот на реката Елва во државата Вашингтон одлично се развива.
Последните следења покажале дека тој значително се вратил во првобитната состојба особено во долниот тек и во устието, каде што се создале поволни живеалишта за лососите, и нови генерации од овие риби се присутни во реката. Се подгреваат нажите дека опоравувањето на реката Елва ќе стане пример дека треба да се отстранат и други брани низ САД.
Демонтирањето на браната висока 64 метри почна во 2011 година и заврши во август 2014 година и тоа беше најголем таков проект во САД. Тоа е дел од поширока иницијатива да се отстранат застарените и непотребни брани и да им се овозможи на реките да си ја вратат својата природна состојба, што би донело голема корист за рибниот фонд и за целиот жив свет. И навистина, лососите се вратиле во Елва за само две години, откако ги немало речиси еден век. Но не само што се опоравил речниот екосистем, туку тоа имало позитивен ефект и врз океанот во делот каде што таа се влева во него. Состојбата со биодиверзитетот се подобрила на простор од дури 40 хектари во океанот.
BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS