mksqen
23
Пон, Дек
0 Нови / 7 дена

Мексико: по бурата што одзеде 45 животи, доаѓа нова

Мексико: по бурата што одзеде 45 животи, доаѓа нова

Типографија

Нова тропска бура се приближува до мексиканското крајбрежје, откако во претходната животот го загубија 45 лица.

Тропската бура Хавиер се зајакува и се проближува до одмаралиштето Кабо Сан Лукас во јужниот дел на полуостровот Баха Калифорнија.

Хавиер веќе е проследен со ветер со брзина од сто километри на час, но се очекува да почне да ослабнува денеска попладне, соопшти Националниот центар за урагани на САД.

Бурата веќе донесен поројни дождови во јужниот дел на Баха Калифорнија. Хавиер се движи на северозапад и може да премине преку Пуерто Сан Карлос во среда и околу Лагуната Сан Игнасио подоцна во текот на неделата.

Властите во Кабо Сан Лукас подготвија десет засолништа и почнаа да ги евакуираат семејствата, кои живеат во ниските зони во близина на реки. Одмаралиштето е затворено за пловење на бродови, а сопствениците на мали рибарски чамци ги повлекоа на копно.

Во меѓувреме билансот на жртвите на ураганот Ерл, кој поплави поголеми делови на источно Мексико се зголеми на 45 лица, откако вчера нови тела беа пронајдени во калта и надојдените води во сојузните држави Пуебла и Веракруз.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS

Најпопуларни вести во категорија Свет