Минатата година била најтопла и на копното и на морето, делумно поради ефектите од феноменот Ел Нињо, како и од рекордното топење на мразот, покажала студија базирана на истражувањата на над 450 научници од целиот свет.
Извештајот за состојбата со климата, објавен од Американското метеоролошко друштво, следи откако две американски агенции веќе објавија дека планетата имала највисока средна температура токму во 2015 година, откако се води оваа евиденција.
Годишната студија спроведена од агенцијата НОАА се очекува повторно да поттикне дебата околу политиките за справување со глобалното затоплување, пред се` за меѓународниот договор потпишан во Париз минатиот декември.
BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS