Шпанскиот остров Палма, од групата на Канарските острови, од вчера е зафатен од шумски пожар, јави ТАСС. Поради безбедноста, локалните власти беа принудени да евакуираат околу 700 лица од општината Ел Пасо.
Пожарот се` уште не е угаснат, пламените до сега уништиле околу 1.000 хектари земја, а според последните податоци во пожарот загина и еден пожарникар.
Во борбата со пожарот учествуваат околу 100 лица, со помош на хеликоптери и авиони.
Локалната полиција соопшти дека е приведен 27-годишен Германец, осомничен за предизвикување на пожарот.
BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS